Свет

Обрачот се затвора: Руската војска го уништува гарнизонот кај Курахово

Обрачот се затвора: Руската војска го уништува гарнизонот кај Курахово

Руската армија ги продолжува борбените операции кај Курахово, го завршува чистењето на предградијата и го затвора обрачот околу украинските единици.

Напредувањето се одвива од два правца – од север, од Угледар и од југ, од Кураховско језеро.

Украински извори наведуваат дека се нападнати на неколку точки, меѓу кои и Разлив и Улакла, а патот кон Запорожје е под постојан надзор на руската авијација и беспилотни летала.

Борбите се водат за населбите Шевченко и Петропавловка, додека микронаселбата „Јужни“ во Курахово е целосно расчистена.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни