Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ/ОДИХР) во својот преоден извештај за локалните избори нотираше цензура кон партијата Левица во однос на политичкото рекламирање, соопштија денеска од партијата. Поради ова, правниот тим на Левица веќе поднел неколку тужби до домашните судови, а најавуваат и дека случајот ќе го изнесат пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, доколку се исцрпат сите правни средства во земјава.
Проблемот, според Левица, произлегува од Упатството за радиодифузерите донесено од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), со кое не се предвидува посебен третман за партиите кои имаат пратеничка група во формулата за распределба на платеното политичко рекламирање.
Од партијата тврдат дека со ова Упатство, и покрај тоа што Изборниот законик наложува фер и избалансирано медиумско покривање, тие фактички остануваат исклучени од медиумскиот простор, освен во рамките на задолжителното информирање во вестите.
„Со ова на Левица ѝ се нанесува директна штета и се влијае на изборниот резултат – од бројот на освоени гласови до советничките и градоначалничките места“, посочуваат од партијата.
Од Левица ја оценуваат оваа, како што ја нарекуваат, цензура како израз на „очај на владејачката гарнитура на ДПМНЕ“, чија катастрофална политика, според нив, резултирала со „огромно незадоволство на народот“. Тие порачаа дека народот ќе ја казни власта на изборите закажани за 19 октомври.
Читај и ова:
- 1.Претставена апликацијата m.uslugi: Личната карта и сите услуги на вашиот мобилен телефон
- 2.Дневен хороскоп – сабота – 4 октомври 2025 година
- 3.Девојка од Охрид нападната на работно место: Полицијата трага по напаѓач кој подолго време ја вознемирувал
- 4.Македонски државјанин најверојатно загинал во Белград додека правел бомба: Целта била ликвидација на нарко-дилер, тврдат српските медиуми
- 5.ДУИ со остри обвинувања: „Северна Македонија се лизга кон статус на „трета српска република“, Мицкоски и ВЛЕН се алатки на „Српскиот свет“