Македонија

Обвинителен предлог за нападот на Арсовска – се бара продолжување на притворот!

Обвинителен предлог за нападот на Арсовска – се бара продолжување на притворот!

Основното јавно обвинителство – Скопје до Основниот кривичен суд Скопје, достави обвинителен предлог против С.Љ. за кривично дело Насилство од чл. 386 ст.3 вв со ст.1 од КЗ, а заради тоа што на 11.07.2025 година извршил грубо насилство врз градоначалничката на Град Скопје. Воедно со обвинителниот предлог доставен е и предлог на Јавниот обвинител за продолжување на мерката притвор против обвинетиот согласно чл. 470 ст.1 т.1 и 2 од ЗКП.

Кривичниот совет, постапувајќи по доставениот предлог за продолжување на мерката притвор, донесе решени со кое предлогот е основан  сеуште опстојуваат околностите од чл. 470 ст.1 т.1 и 2 од ЗКП, односно опасност од бегство и околности кои го оправдуваат сомнежот дека може да го повтори делото, па заради тоа ја продолжи мерката притвор за 30 дена.

Што се однесува до  обвинителен предлог, согласно истиот оформен е кривично правен предмет со К.бр. 1338/25 кој откако ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија, и ќе биде насрочена главната расправа, истата ќе биде достапна преку календарот за судење на веб страната на судот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни