Македонија

Обвинителство: Претреси во Демир Хисар поради сомневање за фалсификување и уништување деловни книги, нема издадено наредба за приведување или итен распит!

Обвинителство: Претреси во Демир Хисар поради сомневање за фалсификување и уништување деловни книги, нема издадено наредба за приведување или итен распит!

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство Битола, доби наредба за претрес на три локации: службените простории на едно училиште, домот и автомобилот на пријавено лице.

Основниот суд во Битола ја прифати основаноста на барањето и издаде наредба за претрес со цел обезбедување предмети поврзани со кривичното дело. Претресите биле спроведени вчера, но до обвинителството сè уште не е доставено официјално писмено известување за евентуално пронајдени и одземени предмети.

Од ОЈО Битола информираат дека законската процедура за обезбедување наредба за претрес е целосно испочитувана и дека спроведувањето на наредбата е во надлежност на полицијата. Во конкретниот случај, обвинителството нема издадено наредба за приведување или итен распит на лице.

Поврзана објаваВИДЕО Претрес кај директорка на средно училиште во Демир Хисар, сега полицијата бара на носилки да биде однесена во полициска станица

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни