Македонија

Обвинителство за Онкологија: Се вршат распити, се прибираат материјални докази

Обвинителство за Онкологија: Се вршат распити, се прибираат материјални докази

Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи интензивно преземаат дејствија за проверка на наводите за Клиниката за онкологија, меѓутоа со оглед на фазата во која се наоѓа постапката обвинителството не е во можност да споделува детали, информираат од Обвинителство за текот на постапката за Клиниката за онкологија.

– Меѓу останатите бројни дејствија, во континуитет се вршат распити на лица кои би можеле да имаат определени сознанија. Исто така, отпочнати се и дел од анализите на прибраните материјални докази, велат оттаму.

Јавното обвинителство, се вели во соопштението, го разбира интересот на јавноста за овој предмет и во оној момент кога ќе се стекнат објективни услови без да се наруши текот на постапката, соодветно ќе информира за сите резултати од преземените дејствија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни