Основното јавно обвинителство Скопје против наведеното лице води претходна постапка поради постоење на основано сомневање за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 од Кривичниот законик.
Надлежен јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје денеска достави предлог за одземање на патна исправа и обврска за повремено јавување во Судот како мерки на претпазливост.
Во предметот се уште се преземаат дејствија од страна на Основното јавно обвинителство Скопје и Управата за финансиска полиција.
Со цел да не се наштети на постапката, двете институции координирано ќе ја информираат јавноста кога ќе се создадат услови за тоа.