Обвинителството на Босна и Херцеговина издало наредба до правосудната полиција да ги приведе претседателот на Република Српска Милорад Додик, премиерот на Република Српска Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на Република Српска Ненад Стевандиќ, пренесува Радио телевизија Република Српска (РТРС) од владини извори.
Како што понатаму се наведува, наредбата ја издал обвинителот Ќазим Хасанспахиќ, а Обвинителството на БиХ ги товари за сторено кривично дело „напад на уставниот поредок“.
Обвинителството на БиХ издало наредба за апсење на правосудната полиција и побарало помош од Министерството за внатрешни работи на Република Српска.
Доколку Додик, Стевандиќ и Вишковиќ одбијат да бидат приведени, тогаш може да се распише потерница, а доколку не бидат уапсени според домашното законодавство, тогаш следува потерница од Интерпол.
