Обвинителството оформи предмет по сторијата на ИРЛ дека скапото лекување од ковид-19 во клиниката Жан Митрев било непријавена клиничка студија

Јавното обвинителство веќе оформиле предмет по допрен глас, пренесува 360 степени.

„Веднаш по објавата на наведената документарна емисија, Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет врз основа на инструментот на допрен глас, предвиден во Законот за кривична постапка. Предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител кој ќе преземе дејствија за проверка на наводите од кои произлегуваат индиции за кривични дела против здравјето на луѓето“, се вели во соопштението од ОЈО-Скопје.

Се вчитува...