Обвинителството одлучи да не покренува кривична постапка против Дрин Ахмети, внук на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во врска со пиротехничките средства што беа пронајдени во неговиот автомобил за време на полициска контрола на 30 декември 2023 година.
Според оцената на Обвинителството, количината на одземената пиротехника не била доволно голема за да се оправда кривична одговорност. Министерството за внатрешни работи не поднело кривична пријава, туку само известување. За прекршокот за немање дозвола за превоз на пиротехнички средства, предвидена е глоба во вредност од 200 до 400 евра.
Иако кривично гонење за овој случај не ќе се презема, Обвинителството продолжува со истрага за други случаи, вклучувајќи го и онај поврзан со акциите на „Соравија“. Во тек е анализа на документи, а дополнително се бара правна помош од САД за поддршка во истражувањето.