Обвинителството во Истанбул бара притвор за 210 воени лица - 4NEWS.mk
Поврзи се

Свет

Обвинителството во Истанбул бара притвор за 210 воени лица

Обвинители побараа притвор за 210 воени лица поради сомнеж за поврзаност со мрежата на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува за организирање на неуспешниот воен удар во 2016 година, соопшти денеска канцеларијата на Јавниот обвинител во Истанбул.

Во соопштението се наведува дека се осомничени припадници на воздухопловните, морските и копнените сили, како и на жандармеријата и крајбрежната стража, меѓу кои се наоѓаат пет полковници, седум потполковници, 14 мајори и 33 капетани.

Ѓулен, кој живее во егзил во САД, ги отфрла обвинувањата дека имал каква било улога во организирањето на воениот удар.

Повеќе од 77.000 луѓе се затворени и чекаат судски процес поради учество во пучот. Турските власти суспендираа или отпуштија од работа 150.000 државни службеници и воен персонал од истите причини.

МИА

The post Обвинителството во Истанбул бара притвор за 210 воени лица appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Реклама
Реклама
WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com