Претседателот на Србија Александар Вучиќ вечерва изјави дека е потребна итна реконструкција на Владата на Србија.
– Веќе оваа недела ќе имаме многу важни работи, од отворањето на автопатиштата, до тоа што ќе имаме важни гости. Мора да продолжиме да работиме, државата мора да функционира. Во овие тешки политички времиња се покажа кој е подготвен да се бори и работи, а кој не. Очекувам дека повеќе од 50 отсто од министрите ќе бидат сменети во една целосна реконструкција – заклучи Вучиќ.
Тој изјави дека ги исполниле условите бидејќи, како што рече, на државата и е важно студентите што поскоро да се вратат во студентските клупи.
„Истовремено, важно е да се обезбеди целосна стабилност на функционирањето на целата држава. Во јануари имаме намалување на бројот на странски директни инвестиции во однос на јануари минатата година и јануари 2023 година. Се што се случува исто така се одразува на нашиот углед и позиција во светот“, истакна претседателот на Србија.
