Вечерва на полноќ и официјално стартува изборната кампања пред изборите на 15 април, а за очекувањата од компањата, во „10МИНУТИ“ зборува политичкиот аналитичар Џелал Незири.
„Очекувам и оваа кампања како и претходните да биде тензична, со објавување на бомби и црна пропаганда. Сите партии ќе се обидат повеќе да покажат колку е лош противникот, отколку да ја промовираат нивната платформа.
Ова е поради тоа што кај нас е создаден еден таков амбиент, затоа што тој победува, кој формира влада добива се, а тој другиот ќе нема ништо.“, рече Незири.
.