Очевидец за спасувањето на децата од дискотеката: „Кочани е мртов град, ќе треба генерации да се опорави“

Македонија и регионот жалат за загинатите во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кога во пожарот меѓу саботата и неделата животот го загубија 59 лица, а повеќе од 150 беа повредени.

Очевидецот Влатко Здравков за „Дојче веле“ вели дека „Кочани е мртов град и нема да закрепне со генерации“, пренесува Вечер.мк.

„Страшно. Стотина луѓе лежат, веднаш одредуваме кој има пулс, да ги спасиме. Да ги ставиме во коли да ги однесеме. Тие што немаат, разбирате, веднаш беа отстранети“, вели видно потресениот Влатко Здравков и продолжува:

„Изгорени, згмечени, задушени, повеќето умреа со изгореници, некои од струја. Тоа се нашите деца, децата ни загинаа“.

Утре ќе се одржи колективниот погреб на жртвите од невидената трагедија. Надлежните одлучија дека во градовите Кочани и Штип е забранета употребата на дронови, а повеќето македонски медиуми најавуваат дека нема да известуваат за погреби во знак на почит кон жртвите.

За медиумите кои допрва ќе известуваат, издадено е посебно упатство до новинарите, со цел да се избегнат несакани сцени и да не се вознемируваат семејствата на загинатите.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното