Очилата се лепат на лице, маслото замрзнува во пенкалата – еве како изгледа животот во најстуденото село на светот, на минус 70 степени

Многумина од нас веднаш се шокираат од самата помисла на „страшниот“ зимски студ, особено кога доаѓа зимата или додека таа трае.

Веруваме дека после овој текст помалце ќе се плашите од зимата бидејќи ова е приказна за селото Ојмјакон во Русија, поточно во Сибир.

Селото се наоѓа на 750 метри надморска височина, што значи дека денот може да трае само 3 часа во декември и дури 21 час во лето.

Селото Ојмјакон има околу 500 жители, а самото село настанало помеѓу 1920-тите и 1930-тите, бидејќи во тоа време таму застанувале сточарите на ирваси, додека пак властите на поранешниот Советски Сојуз, кога го решаваа проблемот со номадското население, и полесна контрола над нив, им го изградија селото Ојмјакон.

Во селото Ојмајкон најголем дел од мештаните се греат на јаглен и дрва, а се хранат најмногу со месо од ирваси и коњи, додека една продавница ги снабдува со основните потреби. Повеќето од луѓето во ова село одгледуваат ирваси и риби под мразот. Мештаните не страдаат од неухранетост, а сето тоа благодарение на млекото од ирваси, кое е богато со протеини.

Колку е студено се гледа од некои примери, односно по тоа дека ако снема струја само на неколку часа, цевките во зградите замрзнуваат и пукаат. Исто така, дел од маките што ги придружуваат жителите на ова село се батериите кои се празнат, очилата кои замрзнуваат и се лепат за лицето, замрзнатото мастило во пенкалата, неможноста за користење мобилни телефони.

Мештаните ги оставаат автомобилите да работат по цел ден бидејќи се плашат дека поради минусните температури нема да можат да ги запалат кога ќе им треба.

Звучи бизарно, но погребите се вистинска „болка“ за жителите на Ојмајкон! Бидејќи мразот што ја покрива земјата е толку густ што потребни се три дена да се ископа само една дупка во која би бил закопан покојникот.

Жителите на селото Ојмјакона се навикнати на екстремно ниски температури, но кога температурата ќе се спушти под минус 52 степени Целзиусови го затвораат училиштето.

Инаку, во текот на летото, температурите се движат помеѓу 20 и 25 степени Целзиусови.