Македонија

Од 128 возила за јавен превоз, кај 30 најдени недостатоци во околината на Тетово и Гостивар

После несреќата на автобусот кај Ласкарци, зачестија контролите во сите подрачја на Северна Македонија од страна на МВР. Вчера била спроведена во тетовско-гостиварскиот регион.

„Вчера ( 20 март ) од 8 до 13 часот, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово беше спроведена уште една акциска контрола за техничка исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници ( автобуси, минибуси и такси комбиња).

Со контролата вкупно биле опфатени 128 возила (ТЕ-76 и ГВ-52 ).Од контролираните возила кај 25 откриена е неисправност на сопирачките ( ТЕ-16 и ГВ-9 ), 5 ( ГВ ) имале неисправен уред за управување и 1 (ГВ) недостиг на опрема.

Поради констатираните недостатоци, од сообраќај биле исклучени 30 возила (ТЕ-16 и ГВ-14 ), на 37 возачи (ТЕ-16 и ГВ-21 ) изготвени им се прекршочни платни налози, а на 8 (ТЕ-4 и ГВ-4 ) барања за поведување на прекршочна постапка“, се вели во соопштението на МВР.

Вчера исто така беа направени контроли и на територијата во Велес.

„На 20.03.2019 полициски службеници од СВР Велес извршиле контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници(автобуси и такси возила) на подрачјето на СВР Велес. Притоа, биле контролирани вкупно 56 возила и било констатирано дека девет биле неисправни. Во Велес, од контролиранитe 36 возила, неисправни биле пет. Во Кавадарци, од контролираните 12 возила, неисправни биле четири и во Неготино, сите осум контролирани  возила биле исправни.“, додаваат од МВР.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни