Свет

Од Австрија велат: Вози над ограничувањето и ќе ти го земеме автомобилот

Од Австрија велат: Вози над ограничувањето и ќе ти го земеме автомобилот

АВСТРИЈА воведува драстични мерки за пребрзо возење.

Според последниот предлог на австриската министерка за транспорт Леонора Гевеслер, возачите кои ги прекршуваат ограничувањата на брзината може лесно да ги загубат возачките дозволи и своите автомобили, пренесува Ројтерс. Измените на законот треба да овозможат поригорозно казнување, кое вклучува одземање на возилото, прво привремено, а за рецидивистите трајно.

Имено, доколку по австриските патишта возите 60 км/ч повеќе од законската граница, или на автопатите 70 км/ч повеќе од законската граница, полицијата, меѓу другото, ќе ви го одземе автомобилот на две недели. Ако го повторите прекршокот, автомобилот трајно се одзема и оди на аукција. 70 отсто од приходите од продажбата одат во фондот за безбедност на патиштата, а остатокот оди за локалните власти. За уште посериозни прекршоци, каде ограничувањето на брзината е повеќе од 80 km/h, автомобилот веднаш би бил одземен.

Доколку законот стапи во сила, тоа ќе биде кон средината на следната година. Се проценува дека на австриските патишта годишно има и до 450 случаи на вакво драстично брзо возење. Сегашните казни за брзо возење се од минимум 20 евра за најмали пречекорувања, до 300 и повеќе евра за пречекорувања поголеми од 50 км/ч.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни