Македонија

Од четврток повторно топлотен бран, за викенд температурите над 40 степени

Од четврток повторно топлотен бран, за викенд температурите над 40 степени

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 38 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. T=35°C. P=975hPa. U=27%. V=4m/s. UV index=8.

Од четврток следува период на претежно стабилно и многу топло време. Во сабота локално ќе има нестабилност проследена со засилен ветер, пороен дожд и грмежи. Во деновите од викендот дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни