Од денеска до понеделник отворен преминот „Стрезимир“ на македонско-косовската граница

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски утре заедно со претсавници на локалната власт на општина Маврово Ростуше и сите заинтересирани жотели на оваа општина преку граничниот премин „Стрезимир“ ќе ја посетат областа Гора во Косово, односно општините Рестелица, Брод и Драгаш.

Според сооопштението на општина Маврово Ростуше, најпрвин министерот Оливер Спасовски и претставниците на локалната власт во Трница ќе се сретнат со министерот за внатрешни работи на Косово и претставници на општината Рестелица, а потоа преку преминот Стрезимир ке ја посетат косовската општина.

Координаторот на оваа активност, Фатон Асани директор на Агенцијата за одземен имот во Владата на Македонија за „Макфакс“ изјави дека утре од Трница кон Косово ке патуваат и сите заинтересирани жители на општината со лични карти или пасоши.

Според Асани од денес, па се до понеделник преминот Стрезимир е пуштен за преминување на границата на Македонија и Косово со соодветна лична документација, во согласност со постигнатиот договор помеѓу властите на Македонија и Косово.

,,Ние како Општина ќе продолжиме со активно лобирање за трајно отворање на овој граничен премин како и обезбедување на нормални услови односно асфалтирање на овој правец“, истакнува градоначалникот на општината Маврово-Ростуше, Медат Куртовски.

К.М.

Текстот Од денеска до понеделник отворен преминот „Стрезимир“ на македонско-косовската граница е превземен од МАКФАКС.