Од денеска граѓаните можат да пријавуваат повреди на своите права на бесплатната телефонска линија 0800 54321, која почна да функционира во Канцеларијата на Народниот правобранител. Линијата ќе биде на располагање за пријави и за време на изборната кампања, како и на деновите на гласање на Локалните избори 2025 – првиот круг на 19 октомври и вториот круг на 2 ноември.
Според информациите од Канцеларијата, сите пријави на граѓаните ќе се обработуваат веднаш, а доколку пристигнат по завршување на работното време (по 16 часот), тие ќе бидат снимени.
Народниот правобранител ќе постапува во најкраток рок до надлежните органи и институции, со цел навремено и ефикасно да се заштити и обезбеди остварувањето на избирачкото право на граѓаните.
Покрај бесплатната линија, повреди може да се пријават и во шесте подрачни канцеларии на Народниот правобранител, секој работен ден од 8 до 16 часот, на следниве телефонски броеви:
Струмица: 034 329-996
Кичево: 045 228-586
Тетово: 044 344-082
Битола: 047 242-310
Штип: 032 389-701
Куманово: 031 431-488
Читај и ова:
- 1.Опсадна состојба во Минхен! Се слушаат експлозии и истрели: Најмалку едно лице е убиено, има повредени
- 2.ВИДЕО Падна првиот снег во регионот – се прогнозираат врнежи од 25 до 50 сантиметри снег
- 3.Месечен хороскоп за октомври 2025 година
- 4.Нови правила за патување во ЕУ: Што треба да знаат македонските граѓани?
- 5.Халид Бешлиќ се бори за живот во Сараево