Македонија

Од денеска ќе нема чисти чаршафи за болничките кревети на Клинички!

Од денеска ќе нема чисти чаршафи за болничките кревети на Клинички!

Во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ од денеска нема да се обезбедуваат чисти чаршафи за болничките кревети, јавува Канал 5.

Причината е бојкотот на вработените во пералната, кои од декември не примиле плата.

„Од декември немаме земено плата, чекаме секој ден. Денеска протестираме и не примаме чаршафи, само зелени зошто тоа треба за операции и не можеме така да оставиме“, велат вработени од пералната за Канал 5.

Приватната фирма СкопСтер, која управува со пералната од јануари 2024, тврди дека проблемот е поради доцнење на исплатите од Службата за општи и заеднички работи. Од Службата, пак, велат дека средствата се исплатени уште во декември.

Заменик министерот за здравство, Јовица Андовски, најави итно решавање на проблемот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни