Од денеска треба да бидат ставени во функција наплатните рампи Преод и Кадрифаково на автопатот Миладиновци- Штип. На наплатните рамки, како што најави Јавното претпријатие за државни патишта, целосно ќе функционира електронскиот систем за наплата на патарина.
Оттаму во четвртокот информираа дека првите две ленти од десно ќе бидат за возилата кои користат М-таг електронски уред со кој се поминува со намалување и успорување на брзината на движење на возилото и без запирање, додека на останатите ленти покрај наплата во готово, може да се употреби и М-смарт картичката.
Од денеска почнува наплатата на двете нови патарини, Преод и Кадрифаково на автопатот Миладиновци – Штип. Јавното претпријатие за државни патишта соопшти дека на наплатните рампи ќе функционира електронскиот систем за наплата.
Ценовник по категории на возила:
ПРЕОД
1А Категорија – 40 денари
1Б Категорија – 70 денари
2-ра Категорија – 100 денари
3-та Категорија – 180 денари
4-та Категорија – 270 денари
КАДРИФАКОВО
1А Категорија – 30 денари
1Б Категорија – 50 денари
2-ра Категорија – 80 денари
3-та Категорија – 150 денари
4-та Категорија – 220 денари