Од денеска скопјани со поскапо парно, еве колку ќе плаќаат!

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука со која од денеска цената на топлинската енергија за потрошувачите во Град Скопје се зголемува за 5,03%. Причина за ова поскапување е зголемувањето на цената на природниот гас на светските берзи за 16% во последниот квартал од 2024 година.

„По доставено барање од страна на ЕСМ Дистрибуција на топлина, ЕСМ Производство на топлина и ЕСМ Снабдување на топлина, РКЕ пристапи кон длабинска анализа која покажа дека цената на природниот гас во последниот квартал од изминатата година е реално зголемена на светските берзи за 16%. Во одлуката од јули пресметката за цена на топлинска енергија е направена со прогнозирана цена на природен гас од 37 евра за 1 MWh (Q4 2024), a сега при набавка на природен гас постигната е цена од 43 евра 1 MWh. Како што знаете, ние сме 100% зависна земја од увоз на природен гас, енергенс кој е основно гориво за работа на топланите

Со ова поскапување, просечната месечна сметка на потрошувачите ќе се зголеми за околу 100 денари – од досегашните 2.100 денари, од февруари ќе изнесува приближно 2.200 денари.

„Вие знаете дека минатата година имавме обратен процес кога цената на природниот гас на берзата беше пониска од предвидената и поради тоа донесовме поволна одлука за категоријата останати корисници. Сметките тогаш се намалија за 35%“, рече тој.

Од РКЕ најавија дека следната недела ќе ја разгледаат и ќе донесат одлука по барањето за промена на цената поднесено од ЕСМ Енергетика, која снабдува околу 2.000 корисници.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното