Од наредната недела стартуваат директни летови од Охрид за Малме и Милано - 4NEWS.mk
Поврзи се

Македонија

Од наредната недела стартуваат директни летови од Охрид за Малме и Милано

Од следната недела авиокомпанијата „Визер“ ќе стартува  со новите директни линии кои ги реализираа по добиениот тендер за субвенции за евтини летови на Владата.

Во понеделник напладне на охридскиот аеродром треба да слета првиот авион од Малме, а во вторник, ќе се воспостави директната врска  на Охрид со Милано.

Овие линии во текот на летото ќе се реализираат по два пати во неделата. До 13 септември летовите од охридскиот аеродром до Малме ќе бидат секој понеделник и петок, а потоа и во среда и недела. Летовите за Милано до 30 март ќе бидат во вторник и сабота, а од 1 април во понеделник и петок. Од охридскиот аеродром  „Визер“ од јули треба да стартува и со директни летови до германските градови Меминген и Дортмунд. 

Извор: ТВ21

Реклама
Реклама
WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com