Од полноќ поевтини горива!

Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека од вечерва на полноќ стапуваат на сила нови намалени цени на горивата.

Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се намалува за 1 денар и од утре ќе изнесува 73 денари по литар, додека ЕУРОСУПЕР 98+ ќе се продава по цена од 75 денари по литар, исто така со намалување од 1 денар.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 0,5 денари и од утре ќе изнесува 68 денари по литар. Намалување од 0,5 денари има и кај екстралесното масло за домаќинство, кое од утре ќе се продава по цена од 67,5 денари по литар.

Само цената на мазутот останува непроменета и ќе изнесува 36,7 денари по килограм.