Облачно со повремен локален дожд, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието и во источните деловиповремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Облачно, претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. T=12°C. P=977hPa. U=60%. V=4m/s.
Под влијание на висок воздушен притисок во текот на новата седмица времето ќе биде стабилно и релативно топло. Во претпладневните и вечерните часови по одделни котлини ќе има појава на магла и таму температурата ќе остане пониска.