Македонија

Од правда за ТВ21: ВМРО-ДПМНЕ нема поднесено амандмани за законот за ЈО

Мицкоски вечерва изјави дека ВМРО-ДПМНЕ поднеле 65 амандмани, но за ТВ21 од Министерството за правда не го велат истото. Од таму во телефонски разговор велат дека нема доставено никакви амандмани за Законот за Јавно обвинителство.

„Нема доставено никакви амандмани до нас до завршувањето на работното време“, велат за ТВ21 од кабинетот на Рената Дескоска

Мицкоски вечерва до дебатата на Канал 5 телевизија рече дека пред неколку часа ги поднеле амандманите.

„Ако досега СЈО постоеше вакво какво што е, биде инкорпорирано во ОЈО, тогаш ние не сме ја постигнале целта. Бидејќи тоа е орган кој има само права, а нема обврски“, рече Мицкоски вечерва во дебатата на Канал 5.

Досега се одржаа две работни средби на кои се разгледуваше нацрт-законот за Јавно Обвинителство, но околу СЈО не беше постигнат договор.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни