Од СДСМ враќаат: ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со професионализацијата на институциите

Од СДСМ со реакција на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски кој денеска ја обвини власта за новонајавени вработувања на патарините низ земјава, и покрај тоа што, како што кажа Стоилковски од власта било ветено електронска наплата.

„Партизиција на администрацијата и масовни вртаботувања заради партиски потреби во изборни цели беше одлика на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ, но тоа заврши со нивното заминување во опозиција.

Се вчитува...

Денес, антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни информации преку кои се обидува да ја манипулира јавноста.

Според јавно достапните информации, не станува збор за никакви нови вработувања како што лажно тврди ВМРО-ДПМНЕ, туку се работи за обновување на договорите на веќе вработени лица кои што во овој период се истечени и потребно е нивно продолжување.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со успешниот реформски процес во администрацијата што обезбедува независни, професионални и ефикасни државни институции киоишто работат во интерес на граѓаните, а не во интерес на партии или поединци“, велат од СДСМ.

Извор: ТВ21