Од утре па во следните три дена промена на режим на сообраќај во близина на патарината „Миладиновци“

Од “Вијадукт Трејд” известуваат дека на ден 19.12.2018 г. ќе се започнат градежни активности на Автопат А4, делница Миладиновци – Хиподром (во близина на Наплатна Станица Миладиновци), за што ќе се изврши промена на режим на сообраќај согласно Одобрението за времен режим на сообраќај и согласно Основен сообраќаен проект за режим на сообраќај за време на поставување индукативни јамки на дел од државни патишта  на територија на Република Македонија, во времетраење од три дена.

Извор: ТВ21