Македонија

Од утре променливо облачно време со повремени врнежи од дожд

Од утре променливо облачно време со повремени врнежи од дожд

Денеска времето во земјата ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а максималната температура ќе се движи од 21 до 28 степени Целзиусови.

Во Скопје се очекува слично време – сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе достигне до 27 степени, со атмосферски притисок од 981 hPa, влажност од 34% и ветер од 2 m/s.

Од утре, според најавите на УХМР, следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На одредени места се очекува нестабилност со локални поројни дождови, грмежи и засилен ветер.

Во текот на периодот врнежите повремено ќе бидат пообилни, особено во петок, кога се очекува најизразена нестабилност.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни