Од вторник нестабилно време со магла, дожд и засилен ветер

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 19 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. T=15°C. P=982hPa. U=60%. V=1m/s.

Следува период на нестабилно време со појава на магла во утринските часови. Од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, наместа пообилни (над 30 l/m²). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а долж Повардарието од југоисточен правец (над 60 km/h).