Македонија

Одбележани 81 година од Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“ и 79 години од формирањето на партизанскиот одред „Трајче Петкановски“

Одбележани 81 година од Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“ и 79 години од формирањето на партизанскиот одред  „Трајче Петкановски“

Делегација на Општина Велес денеска се поклони и положи букети цвеќе на Спомен костурницата од НОВ во Велес, вечното почивалиште на загинатите борци од велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“.

Цвеќе беше положено и во чест на 79. годишнината од формирањето на партизанскиот одред „Трајче Петкановски“.

По сите извршени подготовки на 21 април 1942 година на планината Лисец на местото каде што е ставена спомен-плочата формиран е велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“ од партиски работници кои повеќе не можеле да останат во градот поради опасноста да не бидат уапсени од бугарската полиија и од младинци кои не се вратиле на доотслужување во бугарската војска.

Борците на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“ кои успеаја да не бидат фатени од бугарската полиција и по разбивањето на одредот и во почетокот на 1943 година продолжија илегално да дејствуваат во понатамошниот тек на НОВ/

Тие македонски борци беа јадрото за формирањето на партизанскиот одред „Трајче Петканоски“ и „Осмата македонска бригада“.стои запишано во книгата на историчарот Слободан Ников насловена „По патеките на слободата“.а

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни