Свет
13,249,228
Вкупно активни случаи
Updated on 21/06/2021 17:58 17:58
Македонија
273
Вкупно активни случаи
Updated on 21/06/2021 17:58 17:58
Македонија
5,477
Вкупно починати
Updated on 21/06/2021 17:58 17:58
Македонија
149,877
Вкупно оздравени
Updated on 21/06/2021 17:58 17:58

Одлична можност: Инстаграм и Фејсбук со нова опција за корисниците

Социјалните мрежи  Фејсбук и Инстаграм наскоро ќе воведат можност за сокривање на бројот на допаѓања (лајкови) под објавените содржини.  Инстаграм ќе ја овозможи оваа опција за своите корисници во следните неколку недели, а таа ќе биде достапна и за корисниците на Фејсбук.

Корисниците на Инстаграм ќе може да го сокријат бројот на лајкови на сите објави на нивниот „ѕид“ односно на сопствените објави. Целта е на луѓето да им се даде контрола над нивните искуства на апликацијата – изјави директорот на  Инстаграм, Адам Мосери.

Тој на брифинг со новинарите соопшти дека тестирањето на новите опции не покажало големи промени што се однесува на влијанието на психолошката состојба на корисниците, но додаде дека корисниците имале поделени мислења во врска со оваа тема.

„Лајковите“ може да се користат за мерење на популарноста на објавите, но и на корисниците кои професионално се занимаваат со генерирање содржини за компании. Инстаграм неодамна спроведе тестирање така што на одреден број корисници им даде можност да бираат меѓу покажување на бројот на лајкови и нивно сокривање. Од компанијата соопштија дека за некои тоа било корисно, додека за другите било иритантно.

Извор: ММС

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com