Одложено рочиштето за 27 април, Пепиќ морал да биде на „Титаник“

Рочиштето за настаните од 27 април кое беше закажано за претпладнево во 10 часот е одложено за утре.

Причината е тоа што Мунир Пепиќ, кој е еден од обвинетите во овој случај, мораше да биде присутен на рочиштето за „Титаник“, кое почна половина час порано.

Со оглед на тоа дека не може во исто време да биде на две рочишта, рочиштето за 27 април е презакажано за утре.

Судијката Добрила Кацарска извинувајќи се на присутните рече дека мора да го одложи денешното рочиште поради како што кажа некоординираноста на судот. Меѓутоа не е првпат во ист ден да се закажуваат рочишта на кои едно исто лице е обвинето во два различни случаи.

Извор: ТВ21