Одложено е денешното рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“ бидејќи Бојан Јовановски е повторно во болница.
Два дена откако бил вратен во притвор, на Боки 13 повторно му се влошила состојбата, па тој повторно е во болница.
Поради тоа судењето за „Меѓународен сојуз“ е одложено за 28 октомври.
Адвокатот Сашко Дуковски и во минатото, кога му се судеше на Боки за „Рекет“, предупредуваше дека неговата состојба е лоша, и дека треба да му биде определена мерка куќен притвор. Но, Судот ги одбиваше барањата.
.
