Македонија

Одреден 30-дневен притвор за Катица Јанева!

После повеќе од три часа, Кривичен суд и судијата Реџепагиќ одлучи да додели 30-дневен притвор за Катица Јанева, третоосомничена во случајот „Рекет“. Таа има право на жалба на оваа одлука преку нејзините адвокати.

На Јанева денеска и беа запленети службениот компјутер и мебел од нејзиниот дом, а Јавното обвинителство на прес-конференција рече дека побарале мерка притвор за Катица.

Засега не е познато дали Јанева ќе биде ослободена за семејната трагедија. Утринава почина нејзината мајка.

Извор: ТВ21