Одрон на патот Отешево–Сирхан: Сообраќајот се одвива по една лента

На патниот правец Отешево – Сирхан сообраќајот моментално се одвива по една лента поради одрон на патот.

Екипите се на терен и работат на расчистување, а возачите се повикуваат на зголемена претпазливост.