Одрони на патот Делчево – Македонска Каменица, екипите работат на расчистување

Екипи на „Македонија пат“ утрово интервенираат на магистралниот пат А3, на делницата Делчево – Македонска Каменица, во близина на селото Очипала, каде што дел од коловозот е покриен со одронет материјал.

Сообраќајот се одвива со кратки застои, но не е целосно запрен. Возилата се пропуштаат контролирано додека трае расчистувањето.

Надлежните служби информираат дека одрони има појавено и на неколку други точки по должината на магистралата, па затоа се апелира до возачите да бидат внимателни и да возат со прилагодена брзина.

Екипите продолжуваат со активности на терен сè додека не се отстрани целата земјена маса.