Огнената група на ДУИ ја започнува својата битка. На друштвените мрежи тие веќе го најавија и првиот состанок до огранокот на Студеничани.
Огнената група на ДУИ во декември излезе на прес конференција за да ги каже забелешките за работењето на кадрите на ДУИ во Владата пред јавноста бидејќи, како што рекоа, донесувањето одлуки во партијата е привилегија на еден клан под влијание на Артан Груби, а поради затвореноста на партијата тие не можат да ги изнесат пред партиските тела.
„Нашите забелешки не беа разгледани во партијата и затоа му се обраќаме директно на членството преку медиумите“, истакна денеска на прес-конференција Изет Меџити, предводник на огнената група, кој го изрази незадоволството од работењето на министрите од оваа партија во Владата.
Според Меџити, од 170 проекти колку што биле ветени со изборната програма целосно биле остварени само два, или во проценти дури 98 отсто од најавите не се реализираат бидејќи, како што рече, биле заборавени од извршната власт.
Тој сепак нема дилеми дека Али Ахмети треба да остане како лидер на партијата.