Во петокот била провалена куќата на кошаркарот Лука Дончиќ, член на Далас Маверикс, а истрагата на полицијата е во тек.
Според познатиот НБА инсајдер, Марк Стајн, Дончиќ веднаш пријавил се во полиција.
„Никој не беше дома во тоа време и за среќа на Лук и неговото семејство, сите се безбедни“, рече Лара Бет Зигер, неговиот бизнис менаџер.
Оваа вест доаѓа само неколку дена откако НБА ги предупреди сите кошаркари кои играат во неа, дека се случуваат голем број кражби во домовите на спортистите.
Дончиќ не е првиот спортист кој ја доживеа оваа судбина во претходните недели. Имено, домот на Боби Портис, кошаркарот на Милвоки, како и домовите на Патрик Махомес и Тревис Келче биле нападнати од разбојници.
Словенецот нема среќа бидејќи на 25 декември заработи повреда која ќе го оддалечи од терените најмалку еден месец.
