Балкан

Огромен грабеж во Тирана: Маскирани во воени униформи влегле во патнички авион и украле милиони евра

Во миговите кога патнички авион на „Австрија Ерлајнс“ се подготвувал да полета од Тирана за Виена, тројца мажи влегле во него и украле пари, а еден од крадците е убиен, објави полицијата во Албанија.

Според локалните медиуми, вредноста на парите се проценува од 2.5 до 10 милиони евра.

Се работи за пари кои странските банки од Албанија го пренесуваат во Виена, а во последните три години се случиле уште два слични грабежи.

Во текот на вечерта четири лица биле на испитување. Тројцата ограбувачи биле облечени во воени униформи и влегле на влезот на аеродромот „Мајка Тереза“ резрвиран за пожарникари, и ги украле парите за време на внесот на истите во авионот. Полицијата веднаш тргнала да ги брка, и притоа убила еден од напаѓачите.

Портпаролката на „Австрија Ерлајнс“ Тања Грубер истакна дека во ниту еден момент патниците и членовите на екипажот не биле загрозени.

The post Огромен грабеж во Тирана: Маскирани во воени униформи влегле во патнички авион и украле милиони евра appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни