Свет

Огромен руски конвој напредува кон Киев

Огромен руски конвој напредува кон Киев

Новообјавените сателитски снимки покажуваат огромен конвој руски оклопни возила кој се спушта кон Киев.

Сликите направени денеска пред пладне во Украина, покажуваат руски воени единици во близина на аеродромот Антонов, на околу 27 километри од центарот на главниот град.

Според Maxar Technologies, компанија за сателитски снимки која ги објави фотографиите, конвојот е долг речиси 27 километри и „содржи стотици оклопни возила, тенкови, влечена артилерија и возила за логистичка поддршка“.

На запад и северо-запад од Киев, сателитски снимки покажуваат уништени оклопни возила и оштетен мост во близина на Ирпин и Стојанка.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни