Во Електормашинскиот училишен центар во Охрид изминативе 10 години воопшто се нема запишано ученик во трет степен во сите струки и профили на занимања. Според директорот Недески интересот е многу слаб од причини што законски се донесе задолжително средно образование па повеќето ученици сакаат да завршат четврт степен односно за техничар за да можат послесно да се вработат во државните институции, објави Сител.
Од стручното охридско училиште сметаат дека потребна е селекција која би се направила врз основа на постигнатиот успех бидејќи од трет степен има дефицит од работна сила односно работници од областа на заварувачи автомеханичари металостругари,електромеханичари и други.
Иако со новата наставна програма има интересни профили сепак недостигот со кадар последниве години кулминира.