Македонија

ОЈО најави прес конференција за несреќата кај Ласкарци – шестмина приведени

На прес конференција Јавното обвинителство денеска ќе открие детали околу тешката автобуска несреќа која се случи на 13. февруари на автопатот Скопје – Тетово во близина на селото Ласкарци во која животот првично го загубија 13 лица, а потоа уште две лица починаа во болница.

Се очекува да се открие до каде е истрагата, и кој е виновникот за оваа страшна несреќа, најголема сообраќајна незгода во историјата на земјава.

На прес-конференцијата ќе се обрати јавниот обвинител Сашо Рајчев.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни