Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека постапува по предмет оформен по допрен глас на 21 јануари 2026 година, откако Јавното обвинителство на Република Северна Македонија го доставило случајот во врска со јавно изнесените тврдења на д-р Жан Митрев, сопственик на приватната клиника „Жан Митрев“ – Скопје.
Митрев во јавност обвини дека поранешен премиер и поранешен министер за здравство се обиделе да го принудат да им го продаде својот сопственички удел во клиниката.
Од Обвинителството соопштуваат дека во рамки на предметот се преземаат дополнителни проверки и дејствија, со цел да се утврди дали има основи за постоење на кривично дело за кое се гони по службена должност.
