Околу 2.000 граѓани без државјанство, се бара законско решение за нивната судбина

Стотици, а можеби и неколку илјади граѓани живеат во Македонија без државјанство, иако можеби се родени тука. МТСП изработи регистер во кој се евидентирани околу 650 лица без граѓани.

Универзитетскиот професор, Борче Давитковски кој се занимава со ова прашање, се сомнева дека бројот на лицата без државјанство е двојно поголем. Според него, 650 се евидентирани но реалната бројка на лицата без државјанство може да достигнува од 1500 до 2000. Македонијае меѓу земјите кои се уште не нашле законско решение за овој проблем. Според професорот по право, има два начина како да им се даде државјанство на лицата кои немаат.

Се вчитува...

Меѓутоа, Давитковски рече дека преку контактите што ги има со судските власти, насетил дека немаат желба да ја завршат оваа работа. Во тој случај, постои друго решение.

Проблемот со неевидентираните лица кои се без државјанство, во Македонија се појави по независноста. Многу граѓани кои иако се родени и живеат во Македонија, не добиле државјанство од разни причини, со што им се негира секое право како граѓани на Македонија.

РЕПОРТЕР: БЕСИР АРИФИ

Извор: ТВ21