Во гостување за 4TV.mk, Дмитро Олијник раскажа за патот што го минал за да пристигне во Скопје по напуштањето на Украина.
Тој објасни дека одлуката да ја напушти земјата ја донел во услови на неизвесност, по што тргнал од неговиот роден град Днипро кон западниот дел на Украина, односно кон Черновци. Оттаму, патувањето го продолжил со возач на камион кој превезувал хуманитарна помош, со кого стигнал до Романија.
Од Романија, како што посочи, со друг возач заминал за Бугарија, а потоа пристигнал во Скопје. Целото патување траело шест до седум дена.
Олијник нагласи дека патот бил долг и неизвесен, но благодарение на солидарноста и помошта од луѓето што превезувале хуманитарна помош, успеал безбедно да стигне во Македонија.
