Омбре јајца без неред и хаос: Едноставна техника која мора да ја пробате

Ви го пренесуваме наједноставниот начин за бојадисување јајца со техниката омбре, без хаос и неред во кујната.

И денес нашите баби се држат до стариот начин на боење јајца со помош на кромид. Сепак, денешните домаќинки прибегнуваат кон посовремени методи, а особено интересна е техниката на фарбање со сода бикарбона.

Подготовка:

Истурете вода во мал сад, а потоа додадете одредена боја и промешајте. Во празна чаша се става капа од шише, па се става јајце, па во чашата со јајцето се истура малку вода со боја и се остава 10 минути, па се додава вода на секои десет минути додека водата не го покрие јајцето. Извадете го јајцето на салфетка и развлечете го да се исуши.