„Оне Македонија телекомуникации“ избран за трет мобилен оператор

„Оне Македонија телекомуникации“ на унгарската групација „Фор-ај-џи“ е избран за трет мобилен оператор, информираа од Агенцијата за електронски комуникации.

Како што наведуваат од регулаторот, „Оне Македонија телекомуникации“ била единствената компанија што поднела понуда на тендерот за воведување трет оператор на македонскиот пазар.

Се вчитува...

За да започне со работа во наредните десет дена, операторот треба да го плати еднократниот надомест за користење три фреквенциски опсези во вкупна вредност од 8.020.003 евра. Конкретно, за одобрението А1 ќе се уплатат 4,2 милиони евра, за Б1 – 1,5 милион евра, а за Ц1 – 2,32 милиона евра.

По извршената уплата, АЕК ќе може да го издаде официјалното одобрение, по што компанијата ќе има право веднаш да започне со работа и да побара пристап преку мрежите на постојните оператори, сè до изградба на сопствена инфраструктура.