Опасност од компликации кај повредените во уривањето на настрешницата во Нови Сад, едно лице на механичка вентилација

Состојбата на трите лица повредени во уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад е сериозна, двајца се свесни, вели директорот на Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Војводина, Драган Николиќ.

Една пациентка е сè уште приклучена на механичка вентилација. Николиќ за новосадската телевизија изјави дека треба да се внимава со прогнозите за нивната општа здравствена состојба. „Се уште се во животна опасност, се очекуваат периоди со секундарни компликации од овие повреди“, изјави Николиќ.

Во уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември загинаа 14 лица, а три лица беа тешко повредени.