Опозицијата ја критикува власта, законот за антикорупциска помина во прво читање

Предлог законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, го помина првиот филтер во Собранието. Во прво читање законот помина со поддршка од 58 пратеници, а 16 беа против. Сега законот треба да се испрати во понатамошна процедура во матичната Комисија и другите заинтересирани собраниски тела, и потоа ќе се врати на второ читање на пленарна седница за конечно гласање. Заменик-министерот за правда Оливер Ристовски, изјави дека по оставките на антикорупционерите, земјата остана без Комисијата за спречување на корупција и нагласи дека со новото законско решение се прошируваат и надлежностите на комисијата.

 Опозицијата со критики за законското решение. Според нив процедурите за избор на претседател и членови на Комисијата ќе одземат премногу време и државата повторно нема да има антикорупционери за време на претседателските избори.

Се вчитува...

 Новиот предлог закон за Антикорупциска што го предложи Министерството за правда, е составен во консултации со експерти од Европската комисија. Последните забелешки на финалното решение на законот беа дека бројот на членови треба да се намали од седум на пет, сите прекршоци да ги води ДКСК и да се гарантира дека во изборот на новиот состав нема да има партиско влијание. Веќе 9 месеци земјата е без Комисија за спречување на корупција.

РЕПОРТЕР: ЗИМЕР ЈАШАРИ

Извор: ТВ21